Се планира асфалтирање на станбена улица во должина од 250 м и изградба на тротоари од двете страни на улицата. Асфалтен слој со дебелина од 7 см, ќе биде поставен на коловозот и паркиралиштето, на вкупна површина од 1 800 м2. Ќе бидат вградени рабници и решетки за атмосферска вода.
Пристапната улица е со должина од 100 м, а ширината на коловозот се движи од 7 до 9 метри. Вкупната површина што ќе биде опфатена со асфалтирање изнесува 550 м2.
Со изградбата на објектите за станбено домување и новиот комерцијален простор на овој дел од централното градско подрачје се зголеми фреквенцијата во сообраќајот, а со тоа и потребата од простор за паркирање, па уредувањето се појави како повеќе од итно и неопходно. Изминативе две години, Општина Кочани изврши пробивање и трасирање на овие улици и постави водоводна и канализациска мрежа. Дополнително сообраќајно олеснување ќе биде и изградбата на новата коловозна лента на „Стево Теодосиевски“, која се планира за средината на тековната година.
Понудите за учеството на огласот за јавна набавка за изградба на двете улици и паркиралиштето зад станбениот комплекс на „Стево Теодосиевски“ можат да се достават до 25 јануари 20201 г.