ПРЕТСЕДАТЕЛ  НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ОД 2025 – 2029 Г.
 
АЛЕКСАНДАР АНДОВ

Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ

 

Александар Андов живее во Кочани,роден е на 09.05.1987година во Кочани. Основно училиште завршил во ООУ,,Раде Кратовче,,-Кочани додека средно образование во СОУ,,Љупчо Сантов,,-Кочани
Завршено високо образование при унивирзитетот Св.,,Кирил и Методи,,-Скопје на  Факултетот за Физичка култура спорт и здравје во Скопје.Работи во ООУ,,Никола Карев-Кочани како наставник по физичко и здравствено образование.
Тој исто така е носител на сите УЕФА лиценци за тренер во фудбал и е селектор на женската ,,А,,репрезентација на Македонија.
Има положен испит за директор и ги поседува сите напредни обуки за директор во училиште. Од 2025 година е член на советот на Општина Кочани.
Во професионалното опкружување е мотивиран,организиран исто така сака да работи  тимски,спремен за запознавање и учење на нови работи и спремен секогаш за хумани работи и да им служи на сите граѓани на Општина Кочани

Телефон: 072 275 625

Емаил:  aleksandar.andov@kocani.gov.mk

Членови на Советот:

ЛАЗО МИТЕВ

Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ Емаил: lazo.mitev@kocani.gov.mk

Телефон: 072-275-618

Живее во населбата Оризари. Работи како матичен лекар во сопствената ординација ПЗУ „Еуромедика 05“ во Оризари. Претседател е на Советот на Општина Кочани.

БЛАГИЦА САБОВЉЕВИЌ-СТОИМЕНОВА

Политичка партија: Независен советник

Емаил: blagabato@gmail.com

Телефон: 070 309 150

Благица Сабовљевиќ Стоименова, родена 20.12.1961г. во Кочани.

Омажена и мајка на полнолетни синови.

Економист по вокација и пензиониран самостоен инвеститор, со 36 години работен стаж.

АЛЕКСАНДРА КОЦЕВА

Политичка партија:

Емаил:

МАРИЈА АНАНИЕВА

Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ

Емаил:

Телефон: 078 280 391

Живее и работи во Кочани. Дипломирана медицинска сестра, вработена во Ј.З.У. ,,Општа болница со проширена дејност” – Кочани, како главна медицинска сестра на болницата. Специјалист по семејна и патронажна нега и дипломиран професор по одделенска настава.

АЛЕКСАНДРА СОКОЛОВА

Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ

Е-пошта: aleksandra_sokolova@live.com

Телефон: 071 360 265

Александра живее во нас. Оризари – Кочани, родена е 12 јули 1982 година, Лиценциран психолог – Психотерапевт под супервизија. Дипломирала на Универзитетот Св.Кирил и Методиј” во Скопје и се стекнува со диплома, дипломиран психолог. Потоа продолжува на Едукација во Центарот за Едукација и психотерапија „Амигдала” Скопје – психотерапевт под супервизија, а исто така е член и на Комората на психолози на Р.С.Македонија.

Работи во ОУ„Синиша Стоилов” Зрновци на работно место училишен психолог веќе 12 години работно искуство, а претходно работела како медицинска сестра во приватна здравствена ординација затоа што има завршено средно медицинско училиште.

Во професионално опкружување е високо мотивирана, организирана личност, со особено изразена потреба од учење и стекнување нови искуства, приритет и се  предизвиците на работа во динамична околина. Тимската работа, професионалниот однос, одговорноста и исполнителноста ги смета за суштински квалитети, како и реализацијата на предлозите и проектите за Кочани да биде подобро место за живеење.

 

ВЛАТКО ЗДРАВКОВ

Политичка партија: Независен советник

Емаил:  vlatko.zdravkov@a1.mk

Телефон: +389 75 400 590

Влатко Здравков (роден 11.01.1979) од Кочани е државјанин на Р. Македонија со завршено средно образование во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, природно-математички смер.

Има повеќегодишно работно искуство, од 2013 година работи како продажен агент во А1 Македонија, претходно бил магационер во „Зона Трико“ – Виница (2010–2012), а од 2002 до 2010 работел во угостителство.

Одлично го познава македонскиот јазик и многу добро зборува англиски јазик. Поседува солидни компјутерски вештини (MS Office), тимски дух, одлични комуникациски и организациски способности, како и способност за работа под притисок и почитување рокови.

 

НИКОЛА КРСТЕВ

Политичка партија: Независен советник

Емаил: nikola.krstev@sigal.com.mk

Телефон: 075 304 652

Крстев Никола (роден 23.08.1981 во Кочани) има завршено средна стручна спрема и повеќегодишно искуство во организација на работа, деловна комуникација и работа со клиенти.

Моментално е регионален менаџер во осигурителната компанија Сигал АД Скопје, каде е одговорен за координација на активности, соработка со клиенти и партнери и развој на деловни процеси.

Се одликува со изразени организациски и комуникациски вештини, професионален пристап кон работата и солидно познавање на MS Office и административна документација.

 

ИВИЦА ЛАЗАРОВ

Политичка партија: СДСМ Емаил: ivica.lazarov@kocani.gov.mk

Телефон: 070/249-451

Живее во Кочани. По професија е дипломиран економист

ЉУБЧО ЃОРЃИЕВСКИ

Политичка партија:​ Социјалистичка партија на Македонија
Е-пошта: gorgievski.ljubco@yahoo.com
Телефон: 078 487 074

Роден на 15.11.1974 година во Скопје. Живее во Кочани. Завршено средно образование, смер Општа гимназија. Моментално ги дооформува економските студии – смер Менаџмент и претприемништво  на „Меѓународен Славјански универзитет“ во Свети Николе.Познавање на странски јазици: Англиски јазик.

Работи во ЈЗУ „Општа Болница“ – Кочани, на работно место Одговорен рак. за возниот парк при ИМП. Со работно искуство од 31 година, е докажан професионалец и одговорен во своето работење. Долгогодишен спортски работник, своевремено одреден период и Претседател на Општинскиот фудбалски сојуз во Кочани, како и човек хуманист, екологист и еснаф.

АЌИ АКИОВ

Политичка партија: Независен советник

email: akiakiov47@gmail.com

Телефон: Кон тек: 076 215-596

Националност Рим

Јазик Македонски, Германски

Образование: Машински Техничар

Компјутерско работење word, excel

Работно искуство 38 год. Одлична комуникација со луѓе.Добри организациски способности.Лесно се вклопувам во тимската работа.Секогаш преферирам да бидам заштитник на Ромската Заедница.

 

ПЕТАР МЕДАРСКИ

Политичка партија: ВМРО – ДПМНЕ

Петар Медарски роден 04.02.1958 година во Кочани. Основно училиште завршил во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани, средно училиште завршил во СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани и дипломирал на Економски факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје и се стекнува со звање дипломиран економист.

По дипломирањето се вработува во ТП Нова Трговија – Кочани како комерцијалист. Од почетокот на деведесеттите години својот работен ангажман го продолжува во приватниот сектор во сопствена приватна фирма „Медитекс“. Во 1999 година продолжува во Министерство за одбрана – подрачна единица Кочани како раководител. Од 2007 се до своето пензионирање во 2022 година работи во Центар за управување со кризи.

Од 2025 година е член на Совет на Општина Кочани.

ИВИЦА ЈОРДАНОВ

Политичка партија:  СДСМ 

E- маил:  Ivica_jordanov@yahoo.com

Телефон:076 376 748

Образование

  • 2014 – Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Машински факултет
    Дипломиран машински инженер (240 ЕКТС), Производно машинство – VII/1 степен
  • 1991 – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Машински факултет
    Машински инженер, насока механизациони машини – VI/1 степен

Работно искуство и ангажмани

  • Помошник директор, СОУ „Гошо Викентиев“ (01/2021 – 10/2023)
  • Координатор на проекти:
    • Erasmus+ и e-Twinning
    • UNDP (RELOAD-2, 2023)
    • Leonardo da Vinci програма
  • Надворешен соработник – проценител на штети (Winner осигурување, до 2024)
  • В.Д. член на Управен одбор (ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта) – 2024–2025

Вештини

  • Комуникациски и организациски: тимска работа, лидерство, организација на проекти
  • Технички: MS Office, Photoshop, CAD/CAM
  • Јазици:
    • Македонски – мајчин
    • Англиски – B2

ИВАН МИШЕВ

Политичка партија:

САШКО ИВАНОВ

Email: sasko.ivanov1974@gmail.com

Политичка партија: СДСМ

Живее во нас.Оризари.

Дипломиран машински инженер,вработен во АНТХУРА МК Кочани,како Раководител на одржување.

Роден 1974 година во Кочани.

МИЛЕНА ЈАНЕВА

Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ

Е-пошта: janevamilena77@gmail.com

Телефон: 078 976 152

Родена е во Кочани, а живее во село Тркање. Апсолвент е на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Поседува знаења од информатика, компјутерски системи, мрежи, софтверско инженерство и современи технологии.

Како млада и амбициозна личност, активно се интересира за дигитализација, технолошки развој и иновативни решенија кои можат да ја унапредат локалната заедница. Покажува иницијативност, одговорност и подготвеност за ангажман во корист на граѓаните на Кочани

ГОЦЕ ДИМИТРОВ

Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ

Е-пошта: dimitrovgoce@yahoo.com

Телефон: 078 216 636

Живее во Кочани. Роден е на 30.08.1975 година во Кочани. Дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за одбранбени науки, со стекната титула Дипломиран одбранбен аналитичар. Работи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Секторот за шумска полиција – Подрачна единица Кочани, на работно место шумски полицаец . Во моментот е времено задолжен – Командир на Подрачната единица на шумска полиција Кочани. Во своето работење е одговорен за организација и координација на активностите во единицата, надзор и контрола на шумски подрачја, спроведување на законски мерки и постапки за заштита на шумите, изготвување службени извештаи и записници, како и за соработка со државни и локални институции.

 

МАНУЕЛА САИДОВА

Политичка партија: Независен советник

Е-маил: manuela.saidova@yahoo.com

Телефон: 00389 71 348 913

Родена во Велес 1980 година, омажена во Кочани, мајка на три ќерки.

Активист-ка во ромската заедница од 2004 година со активно вклучување и искуство во НВО секторот во Р.Македонија. Во НВО „Светла иднина“ Кочани започнувам со работа од 2005 година, при што сум носител на значајни проекти, посебно во областа на образованието и застапувањето на Ромската заедница, а во последно време и носител на проекти преку кои се застапуваат младите во регионот на источна Македонија и Општина Кочани.

Првото искуство го стекнувам во Велес / Македонија со членство во неколку граѓански организации, а понатаму како активен член во граѓанскиот сектор продолжувам во Кочани како член на НВО „Светла иднина“ Кочани (2005-и денес).

 

ФИЛИП ЦВЕТАНОВ

Политичка партија: Независен советник

E-маил:  filipcvetanov3@gmail.com
Телефон:  +389 77 657 149

Политиколог

Образование
Магистер по политички науки – Меѓународни односи, европска интеграција и дипломатија
Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје
• Во изработка магистерски труд: „Анализа на предностите и недостатоците на отворени и затворени листи во пропорционален изборен модел во РСМ“
• Области: изборни системи, демократија, институции, ЕУ интеграции
• Напредни вештини за истражување и политичка анализа

Дипломиран политиколог
• Анализа на национални и надворешно-политички процеси
• Силни комуникациски и истражувачки вештини
• Интерес во политичка филозофија и психологија

Работно искуство

Магационер / Бизнис развој – „Алекс“, Кочани (2025–2026)
• Организација на операции и подобрување на ефикасност
• Проширување на клиентска мрежа

Практикант (GIZ) – Adversign Media, Дизелдорф (2024)
• Истражување на пазар и партнери
• Outreach кампањи (email, LinkedIn)
• Анализа на податоци и поддршка на проекти

Логистички службеник – Taskforce, Скопје (2022–2023)
• Управување со податоци и координација на нарачки

Волонтер – Центар за млади, Агуеда, Португалија (2018–2019)
• Програми за демократија и инклузија
• Подготовка на Erasmus+ проекти