– Имаме практична презентација на целосно електричен автобус Novociti VOLT, со цел граѓаните и општината да добијат претстава за можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на јавниот превоз, како и да се запознаат со неговите главни предности. Тоа е возило што не загадува, односно нема емисии на штетни гасови, овозможува комфорно и модерно возење, без бучава и без вибрации, а неговите компактни димензии го прават лесен за примена дури и во најурбаните градски средини – изјави Билјана Јанчовска од „Аутомакедонија“.
– Презентацијата на електричниот автобус е во рамките на напорите за обезбедување здрава животна средина. Општината, граѓаните и операторите имаат можност „од прва рака“ да се уверат во можностите што ги нуди овој еколошки автобус во организирањето на урбаниот транспорт – изјави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.
Општина Кочани во своето стратегиско планирање ќе бара можности за обезбедување средства за организирање еколошки јавен превоз.