Стручни лица од Секторот за урбанизам во Општина Кочани и од Источниот плански регион ги изнесоа своите предлози и забелешки по презентацијата на проектот за регулација на коритото на Кочанска Река којшто е во фаза на изработка.
– Со втората фаза за урбанизација на коритото се опфатени 1 470 м од Машинскиот мост до обиколницата на магистралниот Штип-Кочани. Идејното решение за урбанизација на овој дел од Кочанска Река го работи го изработува „Геинг“ од Скопје, соопшти Александар Гицов, раководител на Одделението за урбанизам во Општина Кочани.
Според Гицов во првата фаза е урбанизирано коритото на реката во должина од 3 900 м од Бавчалукот до Машинскиот мост, а во третата фаза ќе биде урбанизирано коритото од месноста Пандова воденица до Бавчалукот во должина од 750 м.
Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, аплициран од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион, информираше Александар Николов, координатор за регионален развој во Центарот за развој на Источниот плански регион.