По повод „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ в сабота, 7 декември, со почеток во 13 ч., во салата на вториот кат во Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи предавање како дел од проектот „Гласот и учеството на жените и младите во креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“.
Настанот го спроведуваат „Женска граѓанска иницијатива Антико“, Скопје и проектните партнери: Здружението „Секогаш соживот“, с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК Адрион“, Желино, во соработка со Општина Кочани.
Проектот е поддржан од Швајцарската влада преку Цивика мобилитас.
