Синоќа, на Акушерското одделение во Општа болница – Кочани се роди првото бебе во 2023 година. Дваесет и осумгодишната Ангела Крстова од Кочани роди здраво женско дете, второ во семејството Крстови.

Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,2 килограми, долго 51 сантиметар,  и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети мајката и новороденчето. Врачувајќи им ги традиционалните подароци им посака добро здравје и многу среќа, а упати благодарност и до персоналот што го изврши породувањето.

Според податоците од Општа болница, во 2022 година во Кочани се родиле 20 новороденчиња повеќе од претходната.