На средбата со началникот на кочанското Одделение за внатрешни работи Горан Сандевски и со командири од ОВР, беше истакнато дека преодот од 2023 во Новата година поминал главно без инциденти на подрачјето на Кочани. Службите интервенирале на мала сообраќајна несреќа од која имало само материјална штета.
Градоначалникот Папазов ја посети и Територијалната противпожарна единица во Кочани, од каде беше информиран дека новогодишната ноќ поминала мирно, без интервенции. Командирот на ТППЕ Драган Апостолов информираше за подготвеноста за интервенции во зимски услови.
Честитајќи им ја Новата 2024 година, градоначалникот Папазов повика на одговорност од службите, а упати апел за совесно однесување од страна на сите граѓани.