Овој прашалник има за цел да ги идентификува различните потреби на граѓаните во локалните заедници поврзани со конкретни сервиси и услуги, а кои смеетаат дека се неопходни. Активноста за собирање на податоци за потребите на граѓаните и нивна анализа има за цел да придонесе кон напорите на локалната самоуправа во градењето на овозможувачка околина за развој на локални бизниси.

Активноста е дел од „Менторската програма за интегрирање на родовата еднавност во кокалните програми“ која ЗЕЛС ја спроведува со поддршка на Канцеларијата на UN Women во Скопје во рамкките на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“ (фаза 2) и програмата „Промовирање на родово одговорно управување во Република Северна Македонија“. Менторската програма е во согласност со Стратегијата за родова еднаквост на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС 2018-2030 и Акцискиот план на ЗЕЛС за 2024 година.

Прашалникот е анонимен, а податоците ќе се користат како основа за развој на погоре споменатата менторска програма која ќе се спроведува во 7 општини и која ќе придонесе кон развој на локални политики за поддршка и развој на локални бизниси со конкретни афирмативни мерки за женско претприемништво.

Одговорањето на прашалникот ќе ви одземе 10-ина минути.

 Линк кон прашалникот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf5-km-dnPgEcftgpHU0lu-oi20I-UpyMeTkqqUJSk45IWW4g/viewform?usp=sf_link