Со цел за отпочнување на постапка за доделување на договор за јавна набавка за НАБАВКА која ќе се спроведува согласно Практичниот водич за процедури за доделување на договори за ЕУ надворешни активности (ПРАГ 2025), а кои ќе бидат дефинирани во тендерската документација „ УСЛУГИ за експертиза – за ре-планирање на стратешки документ од аспект на модернизација и дигитализација на земјоделството, координација и комуникација со засегнати страни и поддршка на проектниот тим од Општина Кочани за времетраење на проектот „ Забрзување на еволуцијата на агротехнолошките решенија во агро-хранителниот систем на ЕУ – AgriExcel “, финансиран од Interreg Europe програмата на ЕУ за проектниот партнер – Општина Кочани, Општина Кочани спроведува анализа на пазарот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате во горенаведената постапка, Ве замолуваме прашалникот да го пополните и веродостојноста на пополнетиот прашалник да ја потврдите со потпис на одговорното лице на Вашата компанија/организација/физичко лице и истиот скениран да ни биде вратен на следнавa емаил адресa: dijana.apostolova@kocani.gov.mk или директно во општина Кочани на ул.„Раде Кратовче“, бр.1 2300 Кочани, -Проектна канцеларија – Сектор за планирање и развој не покасно од четврток 01.09.2025 до 12.00 часот.