Со цел за отпочнување на постапка за доделување на договор за јавна набавка за УСЛУГИ која ќе се спроведува согласно Практичниот водич за процедури за доделување на договори за ЕУ надворешни активности (ПРАГ 2022), а кои ќе бидат дефинирани во тендерската документација-УСЛУГИ (SERVICES) УСЛУГИ за експертиза – за подготовка на тендерска документација за најмалку 2 тендерски постапки по ПРАГ и за експертска поддршка на проектниот тим од Општина Кочани за имплементација на проектот „ Модели и алатки за зајакнување на отпорот и отпорноста на шумски пожари во природни заштитени подрачја и подрачја што ги поврзува урбаната средина со природата – RES2FIRE “, финансиран од IPA-ADRION програмата на ЕУ
за проектниот партнер –Општина Кочани, Општина Кочани изготви Прашалник за анализа на пазарот.
Ве замолуваме прашалникот да го пополните и веродостојноста на пополнетиот прашалник да ја потврдите со потпис на одговорното лице на Вашата компанија/организација/физичко лице и истиот скениран да ни биде вратен на следнавa емаил адресa: dijana.apostolova@kocani.gov.mk или директно во општина Кочани на ул.„Раде Кратовче“, бр.1 2300 Кочани, Сектор за планирање и развој, не покасно од понеделник 24.02.2025 до 12.00 часот.