Kавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, по четврти пат го преплива езерото Гратче. Со поддршка од СЗР „Кочански рибар“ Илиев пливаше грбно, краул и пеперутка, по сончево и исклучително топло време.
Како лекар и како продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање, Илиев порача граѓаните да ги користат условите со кои располага Кочани и што повеќе да ги практикуваат и спортските и рекреативните пливачки активности.
Градоначалникот Љупчо Папазов му изрази благодарност на д-р Илиев, кој веќе традиционално го промовира Гратче како туристички потенцијал на Кочани.
Активноста се реализира во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани.