Синоќа, во дворот на црквата „Свети великомаченик Георгиј“, во организација на Општина Кочани се одржа концерт на духовна музика со една од најголемите дами на македонската песна Сузана Спасовска и црковниот клирос „Пелагонитиса“.
Публиката имаше можност да ја проследи интерпретацијата на „Богородице, Дево“, „Света Дево Владичице“, „Свети Боже“, „Терирем“, „Тропар на Св. Петка Римјанка“, „Тропар на Св. Никола“ и др.
Концертот на духовна музика е дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на Кочани.