Општина Кочани известува дека од 1 март 2021 година ќе започнат да се изведуваат градежни работи од проектот „Регулација на дел од Кочанска Река“.

Работите ќе се изведуваат на потегот од последниот сообраќаен мост кон север до мостот кај Бавчалук, во должина од 451 м.

Овој проект Општина Кочани го реализира со финансиски средства преку МСИП проектот на Министерство за финансии и Светска банка. Изведувачи на работите се фирмата Заедничко вложување АГП ДООЕЛ – Свети Николе и Промонтинг ДООЕЛ – Скопје.

Ќе се работи на регулација на речното корито, изведба на кејски  ѕидови, облагање на косините на брегот со бетонски обложен ѕид, изведба на пешачка патека во и надвор од главното корито, поставување на парковски клупи, канделабри и корпи за отпадоци.

Целта е да се подобри квалитетот на животот на месното население.