Избраниот изведувач „Исток мермер“ од Кочани започна со работа од источната страна, откај влезот во поранешна „Елпида“, каде ќе се гради санитарниот јазол. Во првичните активности влегуваат и подготовките за изградба на фонтаната во централниот дел на паркот.
Според најавите, партерното уредување на шеталиштето, односно поплочувањето со гранитни нелизгави плочки ќе почне по вградувањето на подземната електрика. Ќе биде поплочена површина од 5.420 квадратни метри, на потегот од мостот кај Шопинг-центарот кон „Пролет“, сѐ до Двојниот мост.
Паркот ќе добие современо обликувана урбана опрема и информативно пано со мултимедијален екран. Бетонското гледалиште од северната страна на Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се отстрани, а ќе се уреди и постојниот паркинг во непосредната близина.
Со реконструкцијата на Градскиот парк ќе се оформи осмислен простор како шеталиште, кое во себе ќе има привлечни содржини и ќе нуди различни можности за посетителите.
Реконструкцијата на Градскиот парк ќе трае шест месеци.