По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегации од Советот на Општина Кочани, Сојузот на борците од НОВ и од локални партиски ограноци положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и им оддадоа почит на вековните стремежи за слобода и за обединување на македонскиот народ.
По повод државниот празник, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до граѓаните, во која стои:
– Денот на македонската револуционерна борба е симбол на континуитетот на организираната борба на македонскиот народ за стекнување сопствена, независна држава.
На 126-годишнината од формирањето на македонската револуционерна организација им оддаваме почит на сите кои го вградија животот во македонската борба за слобода.
Пораката на посветеност и целосна приврзаност кон идеалите од кои се раководеа револуционерите низ историјата, ја спојуваме со стремежите за стабилна, богата татковина, со квалитетен живот за сите граѓани – се вели во честитката од градоначалникот Илијев.