Во 74-тата година од животот, почина Тодор Пашоски, градоначалник на Општина Кочани во периодот 2003/2004 година.
Беше претседавач на Советот на Општина Кочани од 2000 – 2003 година.
Тодор Пашоски беше доктор по стоматологија, специјалист по протетика со долгогодишно искуство во својата професија.
По повод смртта на Пашоски, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати сочувство до семејството на починатиот.