Градоначалникот Владко Грозданов и извршниот директор на здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), Иван Јованов, потпишаа меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за соработка „Воведување на UPSHIFT во образовниот систем!“, кој ЛЕАД го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ и со Бирото за развој на образованието. Проектот има за цел да ја пилотира програмата UPSHIFT во 90 средни училишта, како подготовка за негово воведување како изборен предмет во учебната 2026/27 година.
Соработката ќе се реализира преку заедничка поддршка на младински иновациски и едукативни активности и со промоција на младински решенија од јавен интерес.
Општина Кочани ќе обезбеди финансиски средства од својот годишен буџет за реализација на иновативните проекти произлезени од средношколците од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ во учебната 2026/2027 година.
На средбата, градоначалникот Грозданов истакна дека особено ни се важни идеите од младите како и можноста за нивна реализација во локалната заедница.























