Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска го потпиша договорот со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, за реконструкција на дел од улицата „Стамен Манов“ во Кочани.
Со оваа локална акција ќе се изврши рехабилитација и реконструкција на 436 м од улицата „Стамен Манов“, на потегот од Зијата до Фабриката за вода, што ќе чини близу 5 милиони денари.
„Ромалитико“, со проектот „Заедно за просперитетна заедница“ поддржан од УСАИД, обезбедува 40 % од износот, Министерството за транспорт и врски, преку Декадата на Ромите – 1.174.000 денари, а остатокот се средства од Општина Кочани.
Рокот за реализација на реконструкцијата е шест месеци од потпишувањето на договорот.