Владата одобри 89 милиони денари за Општина Кочани за реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“ од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до почетокот на разделното зеленило кај СОУ „Гошо Викентиев“, во должина од 1.000 метри. Проектот за уредување на источниот влез во Кочани вклучува и изградба на потпорни ѕидови. Во финансиската конструкција на овој проект Општина Кочани учествува со 3,5 милиони денари сопствени средства.
Согласно првиот повик што го објави Министерството за локална самоуправа Општина Кочани влегува во договорите за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4,1 милијарди денари.
На потпишувањето на договорите беше истакнато дека ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи, а јавните повици ќе продолжат сѐ до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра.