Денеска во општинската сала, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и министерот во Владата задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи го потпишаа договорот за отварање канцеларија во рамки на проектот Центар за дијаспора.
Оваа канцеларија ќе работи со цел обезбедување на помош, поддршка и полесно добивање на информациите на нашите согрѓани кои живеат надвор од државата, забрзување на постапките кои ги водат иселениците во странство итн.
Канцеларијата во рамки на проектот Центар за дијаспора која ќе има посредничка улога помеѓу иселениците и институциите ќе функционира во склоп на зградата на Општина Кочани, кадешто ќе бидат ангажирани веќе вработените во локалната администрација.