Студентите – стипендисти на Општина Кочани ги потпишаа договорите за користење на стипендија.
– Денеска ги потпишавме договорите со студентите коишто ќе користат стипендии во учебната 2016/17 година. Поради големиот интерес и можностите во Буџетот, оваа година го зголемивме бројот на корисници на стипендии, па така овојпат имаме 30 стипендисти. Ја користиме оваа можност да направиме резиме за досегашното користење на стипендии од Општина Кочани. Имено, во изминатиот период од 8 години имаме доделено двесте стипендии и доделено околу 100 илјади евра на наши сограѓани со кои сме им помогнале во школувањето – соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.
При доделувањето на стипендиите важен е успехот во текот на студирањето, дефицитарноста на кадрите утврдена со одлука на градоначалникот и материјалните можности на студентот и неговото семејство, а предност во користење на стипендија имаа и децата на самохрани родители.
Стипендиите се во висина од 2 500 денари.