Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски и петмината ангажирани во проектот Општинско-корисна работа ги потпишаа договорите за извршување на обврските од проектот.

– Нашиот проект годинава се вика „Чекор кон ближниот“, во него се ангажирани лица коишто ќе се вклучат во давање услуги во социјалната сфера – услуги за стари и изнемоштени лица, за посредување при делење храна во народна кујна и за посредување во делење облека во Центарот за донација – изјави Аника Илијевска Ѓорѓиева од Општина Кочани.

Општинско-корисна работа е проект финансиран од УНДП, поддржан од Министерството за труд и социјална политика и Општина Кочани којшто овде се реализира третпат, во партнерство со Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување и со Здружението „Благородна мисија“ коешто работи на полето на социјалната заштита.

Надоместокот за ангажираните лица е 6 илјади и 200 денари за 20 часа неделно, или вкупно ќе бидат наменети 186 илјади денари.