Денеска беше извршена работна посета на неколку локации во градот каде се изведуваат градежни активности.
Во с. Грдовци е завшрено оградувањето на спортското игралиште, кое е оградено со челични профили, избетонирани столбови и мрежа која е поставена меѓу столбовите. Дополнително ќе се изведуваат финалните завршетоци, како што се: бележење на терените со бела боја, поставување табли и слично. Изведувач на проектот е „Тонко – СР“ Дооел, а потребните 945,000,00 средства се обезбедени од општинскиот буџет.
Исто така во с. Грдовци во моментот во тек е реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, крак 1 и крак 2. Изведувач на проектот е „Стоименов“ Дооел Кочани, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
На десната страна на Реката Масалница во Оризари се реконструира колектор за фекална канализација, бидејќи со продирањето на атмосферските води се јавува проблем во функционирањето на прeчистителната станица. Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за економска соработка – СЕКО со 593.473,00 швајцарски франци.