Денеска, Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир беше во официјална посета на Општина Кочани, каде што оствари средба со Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.
На средбата се разговараше за досегашните остварени проекти и оние во тек финансирани од страна на ЕУ, како и за правецот во кој ќе се движи општината за нејзин развој.