Во пресрет на празниците, децата и наставниците од објектот „Цветови“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани прикажаа новогодишна претстава.

– На овој начин, преку стихови и музика, на интересен и впечтлив начин, сакаме да ги пренесеме пораките за мир, среќа и здравје за децата од целиот свет, рече директорката на градинката, Лидија Серафимова.

Во знак на благодарност за континуираната соработка во текот на целата година и за поддршка на воспитно-образовната и згрижувачката дејност, Детската градинка им додели благодарници на градоначалникот Ратко Димитровски, претставници од бизнис-секторот и на родители.

На крајот, градоначалникот Ратко Димитровски им ги додели новогодишните пакетчиња на децата и им посака сè најубаво во Новата 2016 година.