На ѕидот од ОУ „Св. Кирил Методиј“, видлив од источниот влез на СОУ „Љупчо Сантов“ се изработени мурали од познатите автори Филип Конески, Марјан Димиќ и Драган Китановски, сите од Скопје.

Муралите се спој на неколку стилови во кои доминира линијата на илустрации, а во нив се вклопени и мотиви поврзани со Кочани.

Изработката на муралите е дел од содржините од Програмата за култура на Општина Кочани за 2021 година.