В петок, 2 декември, од 10 до 13 ч., во Градскиот парк – при неповолни временски услови во Спортската сала „Никола Карев“ – Општина Кочани организира културно-уметничка програма со која ќе го одбележи Денот на лицата со попреченост.

Под мотото „За подобар видик“, ќе настапат деца од училиштата меѓу кои и инклузирани ученици со попреченост, членови од Литературен клуб „Копнеж“, а ќе присуствуваат и членови од здруженијата на лица со попреченост. Целта е да се зголеми нивната видливост, да се зближат со заедницата и директно да се вклучат во активностите посветени на нив.

Настанот ќе биде збогатен со продажни штандови, а собраните пари ќе бидат наменети за нагледни и дидактички помагала на учениците со попреченост.

Како дел од овој настан е и продажбата на уметнички слики изработени од учесници на ликовните колонии организирани изминативе години од Општина Кочани.  Уметничките слики