Деновиве во Општина Кочани се одржа работен состанок со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претставници од УСАИД на кој се зборуваше за напредокот на општината и позитивните промени како резултат на 18 месечната техничка поддршка во рамки на проектот на УСАИД „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“.
Како дел позитивните промени и напредокот на Општина Кочани се:
- Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци,
- Зголемен капацитет на даночното одделение за ажурирање на базата на податоци за данок на имот,
- Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања „Мој данок за мојата општина“ споделена на веб-страница на општината,
- Спроведено бихевиористичко истражување на однесувањето на даночните неплаќачи (даночен морал), со што значително е намален заостанатиот долг по основ на данокот на имот кај физичките лица,
- Индексот на даночната транспарентност на Општина Кочани за 2022‐2023 е непроменета во однос на минатата 2021-2022 и изнесува 67%,
- Изработен Граѓански буџет за 2023 и објавен на страницата на општината,
- Изработена Процедура за внатрешна комуникација, објавена на страницата на општината,
- Подготвена и усвоена Процедура за извршување на расходите на Буџетот на Општина Кочани, објавена на страницата на општината,
- Индексот за буџетската транспарентност за 2022-2023 изнесува 16 (од можни 16) индексни поени, во споредба со 2021-2022 кога изнесувал 15,
- Подобрена активната транспарентност која во 2023 година изнесува 97.11%, во однос на 2022 кога изнесуваше 95.8,7%
- Објавени Индикатори за јавните набавки за 2022 година на веб-страницата на општината,
- Подобрени капацитети за планирање на внатрешната ревизија и јавно презентирање на резултатите од извршените ревизии за 2022, објавени на веб-страницата на општината.