Општина Кочани и „Пролет бар“, како избран организатор на јавно наддавање, ги започнаа подготовките за организирање на Новогодишниот базар, настан што во пресрет на Новата година се одржува во Градскиот парк.
Покрај настапите на повеќе естрадни уметници и тематски забави планирани во периодот од 20 декември 2024 до 14 јануари 2025 година, Општина Кочани ќе организира и дочек на Новата година во Градскиот парк.
Музички настан ќе се организира и по повод божиќните празници.
Програмата со сите содржини ќе биде наскоро објавена.