По завршувањето на потпорниот ѕид, продолжуваат работите на улицата „Борис Ефремов“ во Кочани. Деновиве се работи на трасирање, машински ископ и порамнување  на потегот долг 340 м.

– Бидејќи станува збор за тежок и висок терен, се изгради голем потпорен ѕид чија ширина во основата е до 2 м. Сложената ситуација на теренот го продолжи временскиот рок на работите, но се надеваме дека наскоро и жителите на овој дел од населбата Варница, ќе добијат пристојни услови за живеење – соопшти  Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

„Борис Ефремов“ е една од седумте улици што се изградија со средства од Буџетот на Општина Кочани за 2020 година,  во кои се: „7 Септември“, кракот 2 од „Искра“, „9 Мај“, „Васил Главинов“, „Крум Вранински“ и кракот на „565“ во Лесна индустрија.

Паралелно со градежните активности на улицата „Борис Ефремов“ за бетонирање се подготвуваат пристапни улици во градот и во населените места.