Со средства од Буџетот на Општина Кочани се подготвуваат за асфалтирање десетина улици во населените места и во градот Кочани, чијашто поединечна должина е стотина метри.
За асфалтирање се подготвени улици во Оризари, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и Грдовци. Во моментот се работи на реконструкција на крак од улицата „Маршал Тито“ во Прибачево. Постојниот асфалтен слој е отстранет и ќе се постави нов – соопшти Драги Илијевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани.
Според Илијевски, следува подготовка за асфалтирање на две улици во Кочани и една во Тркање.
За реализација на овој градежен зафат се наменети 3 милиона и 900 илјади денари, пари од Буџетот на Општина Кочани.