Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/20, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира повторна јавна презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 5 Општина Кочани , плански период 2018-2023 конечен предлог план со Технички број 0801/489-18 од август 2021, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје, со површина 81,32 ха .
Детален урбанистички план за Градска Четврт 5, Oпштина Кочани, плански период од 2018-2023г. се наоѓа во северо-источниот дел од град Кочани во зоната на домување, согласно ГУП за град Кочани од 2016 год.
Границите на планскиот опфат се следните:
Од Север: По граница на ГУП на Град Кочани;
Од Исток: По осовина на ул. „ Цветан Димов “ ;
Од Југ: По осовина на ул. „ Љупчо Сантов “;
Од Запад: По осовина на регулирано речно корито на река „Кочанска“;

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Детален урбанистички план за градска четврт 5 Општина Kочани плански период 2018-2023 конечен предлог план, ќе се одржи на ден 27.09.2021г. со почеток во 1000 часот пред комлексот АСНОМ, Општина Кочани, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид 19.

ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА по Детален урбанистички план за градска четврт 5 Општина Kочани плански период 2018 – 2023 конечен предлог план ќе се спроведе во периодот од 23.09.2021 год. до 06.10.2021 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог од деталниот урбанистички план ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

Линк до анкетен лист.

Линк до графички прилог.