Одделението за јавни дејности во Општина Кочани ги повикува здруженијата, институциите од културата и сите уметници и поединци кои можат да дадат придонес да учествуваат на јавна трибина за планирање на општинскиот буџет за култура што ќе се одржи в четврток, на 16 ноември 2017 година во Салата на Советот на Општина Кочани со почеток во 18 ч.
На трибината може да присуствува секој граѓанин на Кочани што сака да земе непосредно учество во одлучувањето за работи од јавен интерес од локално значење и во надлежност на општината.