Република Северна Македонија
Проект за подобрување на социјалните услуги -ППСУ проект
Кредит бр: 8902 –МК
ПОВИК ЗА ПОНУДИ
за
Изградба на детска градинка во општина Кочани
Реф.бр. MK/SSIP # 2.1.1.3
- Република Северна Македонија доби кредит од Светската Банка за спроведување на Проектот за подобрување на социјалните услуги и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за Изградба на детска градинка во општина Кочани.
- Министерството за труд и социјална политика ги повикува квалификуваните понудувачи да достават понуди во затворени плика за градежни работи за изградба на детска градинка во општина Кочани.
- Процесот на набавка ќе се спроведе согласно набавниот метод “ Национално конкурентно наддавање” согласно “Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) – набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година” и е отворен за сите понудувачи како што е наведено во Прописите за набавка.
- Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и да направат увид во тендерската документација на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30: Министерство за труд и социјална политика , Кочо Рацин , 14/9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Телефон: +389(0)23296-807
Електронска адреса: sanja.andovska@mtsp.gov.mk
- Тендерска документација на македонски јазик заинтересираните понудувачи може да ја добијат по поднесување на писмено барање на следнава е-маил адреса: andovska@mtsp.gov.mk
Тендерската документација ќе биде доставена електронски или истата ќе може да се подигне лично од просториите на Министерството за труд и социјална политика на Кочо Рацин , 14/9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
- Сите понуди мора да бидат придружени со банкарска гаранција од 1.300.000,00 МКД.
- Понудите мора да се достават на адреса: Министерство за труд и социјална политика (архива на приземје), ул. Даме Груев бр. 14, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, најдоцна до 11:00 часот на : 11.2019 година. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.
- Понудите ќе бидат отворени јавно во присуство на претставници на понудувачите кои ќе сакаат да присуствуваат на јавното отварање како и од други лица кои ќе сакаат да присуствуваат на јавното отворање кое ќе се одржи : 11.2019 година во 11 часот на следната адреса: Министерство за труд и социјална политика, 4-ти кат, соба за конференции бр:1, ул. Даме Груев бр. 14, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.