Повик за поднесување на понуди

Република Северна Македонија

 Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

 MSIP-NCB-100-19

 

  1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
  2. Република Северна Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проект за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Рехабилитација на постоен булевар Тодосија Паунов – десен коловоз.
  3. Општина Кочани ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат: Рехабилитација на постоен булевар Тодосија Паунов – десен коловоз.
  4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
  5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 07:30 до 15:30:

Адреса: ул.Раде Кратовче бр. 1 Кочани

Град: Кочани

Поштенски број: 2300

Држава: Република Северна Македонија

Телефон: 033/274-001

Факс: 033/273-542

Електронска адреса: info@kocani.gov.mk

  1. a) За плаќање во денари:

Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

Банка: Народна банка на Република Северна Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 736014044463010

Приходно конто: 725 939

Програма: 00

 

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Кочани.

  1. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 15.08.2019 Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:15ч, 15.08.2019.
  2. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 180.000,00 МКД.
  3. Адреса: ул.Раде Кратовче бр.1 Кочани

          Град: Кочани  

          Поштенски број: 2300

          До Архива

         Држава: Република Северна Македонија