– најдобар спортист за 2017 година;
– најдобар млад надежен спортист;
– најдобра екипа;
– најдобар тренер;
– спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.
При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).
Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.
Рокот за пријавување е до 20 јануари 2018 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.
Телефони за контакт: 033 274 001 локал 116; 072 275 610
Општина Кочани
Одделение за јавни дејности