Врз основа на договорот број 26-1059/1 од 03.07.2025 за реализација на проектот „Забрзување на еволуцијата на агротехнолошките решенија во агро-хранителниот систем на ЕУ – AgriExcel “, финансиран од Interreg Europe програмата на ЕУ, склучен помеѓу Region Hauts-de-France и Jyväskylän ammattikorkeakoulu како лидер партнер, и Договор за партнерство бр.26-1059/2 од 07.08.2025 склучен меѓу Jyväskylän ammattikorkeakoulu како лидер партнер и другите партнери во проектот, Општина Кочани објавува повик за доставување на понуди за за „УСЛУГИ за експертиза – за ре-планирање на стратешки документ од аспект на модернизација и дигитализација на земјоделството, координација и комуникација со засегнати страни и поддршка на проектниот тим од Општина Кочани за времетраење на проектот „ Забрзување на еволуцијата на агротехнолошките решенија во агро-хранителниот систем на ЕУ – AgriExcel “
Тендерската документација може да ја симнете на следниов линк.























