За полнолетните граѓани на Кочани, Општина Кочани организира бесплатни курсеви по англиски јазик – III, VII и VIII степен.

Курсевите ќе се одржуваат во основните општински училишта: „Св. Кирил и Методиј“, „Раде Кратовче“, „Никола Карев“, „Малина Попиванова“ и „Крсте Мисирков“.

Пријавувањето на кандидатите трае до 16 октомври 2016 година во просториите на Општина Кочани – Едношалтерска канцеларија, со образец за пријавување.

Курсевите ќе започнат од ноември 2016 година.

Одделение за јавни дејности

Општина Кочани