Општина Кочани го објави јавниот повик за учество на фудбалските екипи во Петровденскиот турнир во мал фудбал.
Пријавувањето ќе трае до 6 јуни 2021 година, а екипите треба да уплатат котизација од 2 илјади денари, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години. Пријавата може да се земе од Едношалтерската канцеларија или од веб-страницата на Општина Кочани.
Ждребувањето ќе се одржи на 10 јуни 2021 година, а натпреварите ќе започнат од 18 јуни.
По пауза од една година, поради здравствената криза, Општина Кочани го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал по 19. пат. Реализацијата е во соработка со ОФС – Кочани.