
По повод празникот на Кочани, Петровден, на спортските терени во Кочани се одржува турнир во мал фудбал, на кој учествуваат екипи од повеќе стопански субјекти. Учесниците на овој турнир плаќаат котизација, а собраните пари се распределуваат на најдобрите екипи.
Општина Кочани, како организатор на Петровденскиот турнир за најуспешните екипи и поединци обезбедува пехари и медали.