Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ денеска ја одбележа 101-годишнината од раѓањето на патронот, кочанскиот револуционер Викентиев.

По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот положија градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, претставници на семејството Викентиеви, Сојузот на борците и училишна делегација.

На училишниот празник беа прогласени и најдобрите ученици во генерацијата.

За  ученик на генерацијата е избран Горјан Илијевски, кој воедно е и најуспешниот ученик во електротехничката струка. Од машинската струка најуспешен е Никола Стојков, а од сообраќајната – Марија Ангелова.