Денеска средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник.
По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот положи градоначалникот на Општина Кочани и членови на Советот, училишна делегација, претставници на семејството Викентиеви и Сојузот на борците.
Во склоп на овогодинешното одбележување на патрониот празник на најдобрите тројца ученици практиканти во „Руен“ и четворица во „Амфенол“ од страна на двете фирми им беа доделени награди за нивното посветено и континуирано учење.