В сабота, на 24 септември на Пониква, на Осоговските Планини ќе биде претставена Патеката на клукајдрвчето со тринаесетте едукативни точки.
Станува збор за еколошко-едукативни активности во букова шума, коишто се дел од проектот „Патеката на клукајдрвчето“ кој се спроведува во рамките на Програмата за заштита на природата во Македонија, чиј национален координатор е Фармахем, а финансиската поддршка е обезбедена од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
За учесниците на настанот в сабота е предвиден организиран автобуски превоз, ужинка и освежување.
Се очекува Патеката на клукајдрвчето да придонесе кон развој на туризмот на Осоговијата и промоција на регионот.