Училиштата коишто ги носат имиња на првоборците и организатори на антифашистичката борба во Кочанско – Љупчо Сантов и Раде Кратовче, денеска ја одбележаа 79-годишнината од нивната смрт.

Градоначалникот Љупчо Папазов и делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, роднини на Раде Кратовче и претставници на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ, положија свежо цвеќе на бистите во ОУ „Раде Кратовче“, Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и во Паркот на револуцијата.

На свеченостите во училиштата беше прикажа пригодна програма, а беа доделени и награди на ученици кои создале најуспешни ликовни и литературни творби по повод патроните празници.