Врз основа на членот 3, ставови 1, 2 и 3 од Уредбата за описите  на категориите и нивоата на работните места на административните службеници („Службен весник на РМ“ бр. 72/2014 и бр. 147/2014), а во согласност со членот 7, став 4 од Законот за користење на податоците од јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014), Секретарот на Општина Кочани донесе Решение за определување контакт лица за отворени податоци на Општина Кочани.

Административните службеници Славица Давиткова и Дијана Апостолова Златкова се определени за контакт лица задолжени за техничко прилагодување и објавување на податоците, за нивно користење, објавување на веб-страницата на Општина Кочани и за обврските за ажурност на каталогот (Централен каталог на Министерството за информатичко општество и администрација) на податоци на www.otvorenipodatoci.gov.mk и за непречено извршување на обврските коишто произлегуваат од Законот за користење на податоците од јавниот сектор.

 

Славица Давиткова

Општина Кочани
„Раде Кратовче“ бр. 1 2 300 Кочани

e-mail: s.davitkova@kocani.gov.mk

 

Дијана Апостолова Златкова

Општина Кочани
„Раде Кратовче“ бр. 1 2 300 Кочани

e-mail: dijana.apostolova@kocani.gov.mk