Во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари пуштена е во функција нова медијатека која располага со богат кижевен фонд и литература на македонски и англиски јазик. Оваа медијатека ќе работи за потребите на учениците, со цел да ги задоволи потребите за нивните наставни содржини. Опремена е со компјутер со пристап до интернет, како и со лаптоп компјутери.
-Секој ученик кој припаѓа на нашето училиште е член на медијатеката и му се нуди можност да има навремено обезбедена лектира, да позајмува книга по сопствен избор, да добие помош во изборот на книгата од библиотекарот, како и користење на електронската литература – истакна директорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Соња Иванова.