Вчера, во просториите на општинската зграда на Општина Кочани беше остварена средба меѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претставници од Здружението на пензиoнери – Кочани.

На средбата беа преточени сите досегашни активности кои Здружението ги остварило во соработка со Општина Кочани и се надеваат дека во иднина со новиот градоначалник ќе имаат уште поплодна работа и поголеми заеднички успеси.  

Од страна на претставниците на Здружението на пензионери – Кочани се отвори прашањето во однос на проектот за изградбата на старечки дом, а градоначалникот ги информираше за тековните активности на проектот.