По повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, општински делегации, раководниот, наставниот кадар и првачиња од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор.
Одбележувањето на патрониот празник ќе продолжи со свеченост што ќе се одржи вечерва во холот на училиштето, на која ќе бидат прогласени ученикот на генерацијата и пофалените ученици. Пристните гости ќе имаат можност да проследат музички точки, драматизација, настап на училишниот хор, а обраќање ќе има в. д. директорката Христина Симова Јовановска.