Со различни еколошки акции, основните училишта во Кочани го одбележаа 21 Март – Денот на пролетта и на екологијата.

Во знак на поддршка на училиштата, градоначалникот Љупчо Папазов и секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев денеска се вклучија во акцијата за засадување дрвца во дворот на ОУ „Крсте Мисирков“ во Оризари.  Со поддршка од Општина Кочани, во дворовите на петте основни училишта се засадија педесетина зимзелени и листопадни садници.

Акциите за озеленување и за расчистување на училниците и на училишните дворови беа проследени со едукативни  еколошки содржини и пораки, а во чест на Денот на поезијата ученици читаа и поетски творби.