На детското игралиште во селото Грдовци се изведуваат работите за поставување јавно осветлување.
Ова игралиште е едно од четирите што се градат во Кочани: во Белското Маало, во населбата Драчевик и кај Ветеринарната станица.
Вградувањето на електричната инсталација е во завршна фаза, по што ќе бидат поставени и детските реквизити.